1
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1.Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот![1]
[1] Овој ајет, кај муслиманите познат по својата оригинална форма – Бисмиллах, се повторува пред секое поглавје во Куранот, освен пред деветтото. Еднаш е спомнат во поглавјето Немл како дел од ајет. Се смета дека тој е интегрален дел од Куранот и дека е објавен поради раздвојување на поглавјата едно од друго.
2
ٱلۡحَمۡدُ لِلَّهِ رَبِّ ٱلۡعَٰلَمِينَ
2. Сета благодарност Му припаѓа на Аллах[2], Господарот на световите[3].
[2] Аллах е арапски збор за Единиот Бог. Истото значење го има арамејскиот збор Елох. Во христијанството се користи поимот Отецот, а во јудаизмот Јахве.
[3] Рабил Алемин – Господарот на световите. Зборот „Ер-Раб“ (со одреден член) го означува Оној Кој поседува сè и апсолутно располага со сè. Зборот Ел-Алемин означува сè, освен Возвишениот Аллах.
3
ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
3. Семилосниот, Милостивиот.
4
مَٰلِكِ يَوۡمِ ٱلدِّينِ
4. Владетелот на Судниот ден.
5
إِيَّاكَ نَعۡبُدُ وَإِيَّاكَ نَسۡتَعِينُ
5. Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!
6
ٱهۡدِنَا ٱلصِّرَٰطَ ٱلۡمُسۡتَقِيمَ
6. Упати нè на Правиот пат[4].
[4] Сиратул мустеким – Правиот пат, тој означува пат кој е прав и широк; тоа е пат на кој нема нагорнини, надолнини, ниту кривини.
7
صِرَٰطَ ٱلَّذِينَ أَنۡعَمۡتَ عَلَيۡهِمۡ غَيۡرِ ٱلۡمَغۡضُوبِ عَلَيۡهِمۡ وَلَا ٱلضَّآلِّينَ
7. На патот на тие на коишто благодатта им ја подари, а не на тие коишто гневот го предизвикаа ниту на тие што заталкаа!